Секоја година, нашата Компанија, рамо до рамо со сите реномирани компании учествува на Кариерниот ден организиран од УКИМ. Со цел да ја доближиме Компанијата до студентите и воедно да ги прошириме нивните кариерни можности, остваруваме директен контакт со повеќе од 500 студенти на кои им ги презентираме нашите можности за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите, со што ќе ги мотивираме и поттикнеме во нивниот понатамошен кариерен развој.