Падините на Шар Планина беа исполнети со вистински спортски дух овој, а ние имавме чест да дадеме свој придонес и да бидеме дел од 44-то традиционално искачување на Титов Врв, настан кој годинава обедини над 650 вљубеници во природата и планинарството.

Веруваме дека активниот начин на живот и грижата за здравјето се основа за се. Токму затоа, преку нашето портфолио на производи наменети за негување на здравите навики и обезбедување на потребната хранлива енергија при физичките активности, секогаш се трудиме да им бидеме природен сопатник до нивните цели.

Упатуваме голема благодарност до ПК „Љуботен“ за убавиот гест и доделената Благодарница.