Компанијата неуморно вложува во младите и постојано се стреми да ги мотивира учениците и студентите да го насочат својот кариерен пат во нашата држава. Низ низа разни активности ги поддржуваме да стекнат познавања од нашата индустрија како: платена пракса, отворени денови за посета, меморандуми со средни стручни училишта за задолжителни часови практична настава, учество на кариерни денови… Во моментов соработуваме со Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ и СУГС „Марија Кири-Склодовска“.
Посети од најмалите и најмилите конзументи
На наша голема радост, секој месец остваруваме дружба со најмалите консументи преку организирани посети на училиштата. Посетите се од едукативен карактер при што производствените технолози им го објаснуваат целокупниот процес на произведување леб, тост и двопек. Секако, дечињата имаат можност покрај едукација да пробаат и вкусно топло лепче на Жито Лукс за кое тие коментираат дека е највкусното лепче што го пробале. На крајот од посетата нашите најмали посетители ги испраќаме со пакет подароци од нашиот асортиман на производи.
Бенефитите од ваквите организирани посети се обострани затоа што децата од рана возраст ги запознаваат нашите производи и квалитет и на тој начин ќе имаат и желба да ги конзумираат. А од друга страна, преку запознавање со професиите во пекарската индустрија постои можност тие да посакаат да се едуцираат како пекари, прехранбени технолози и сл. и да бидат наши потенцијални вработени во иднина.