Соработка со Здружение на граѓани на помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“

Една од нашите главни активности како општествено одговорна компанија е соработката со Здружението на граѓани на помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ преку која обезбедуваме донации од леб во текот на целата година на луѓето на кои ваквата помош им е секојдневна потреба. Со тоа им даваме искрена поддршка на здружението „Љубезност“ со цел да станат креатори на правична социјална заштита, како и безрезервна помош на бездомните и социјално загрозените лица во процесот на нивна ресоцијализација и реинтеграција.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ