На 15 декември со задоволство бевме дел од традиционалниот Новогодишен базар, организиран од Советот на родители при ООУ „Ацо Шопов“, Скопје.
Како општествено одговорна компанија, веруваме дека грижата за најмладите и заедницата започнува со мали, но значајни чекори. Токму затоа, овој празничен настан го поддржавме со производи кои беа доделени на децата во рамки на лотарија.
Продолжуваме да го негуваме заедништвото и поддршката кон младите генерации.



