Особена чест ни беше што бевме дел од одбележувањето на 78-годишнината на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје при што се организираа две инспиративни активности: „Квиз на знаење – Со знаење, преку традиција до иновации“ и „Смотра на средношколски трудови“.
Како компанија особено ни е важно да ги поддржиме младите во нивната иднина. Активно вложуваме во градење мост меѓу академијата и реалниот сектор – таму каде што талентот, знаењето и професијата се спојуваат.
За победниците на Квизот и Смотрата подготвивме подароци како признание за нивниот труд и посветеност, а на нашиот штанд за кариера учениците и студентите имаа можност да се запознаат со можностите за развој и кариера во нашата компанија .
Веруваме дека иднината ја градат младите, а наша одговорност е да создадеме простор каде што тие ќе учат и ќе напредуваат.




