Ја збогативме нашата палета на функционални лебови со нов производ создаден за оние кои бараат максимална нутритивна поддршка – Протеински тост леб. Овој леб е специјално развиен за да одговори на потребите на спортистите, фитнес ентузијастите и сите кои се посветени на здравата исхрана.

Приготвен од внимателно одбрана комбинација на интегрално и пченично брашно, нашиот протеински леб е дополнително збогатен со протеини од наут и грашок

Со секој залак, протеинскиот тост нуди совршен баланс помеѓу здрав оброк и одличен вкус. Тој е идеална основа за вашите омилени намази, сендвичи или како прилог по напорниот тренинг.

Веруваме дека секојдневниот избор на храна е основата на доброто здравје и благосостојба. Затоа, со овој нов производ, ви овозможуваме лесен и вкусен начин да го зголемите внесот на протеини во вашата диета, без да правите компромис со квалитетот.

Новиот протеински леб е достапен во практично пакување од 400 g.

Во производниот процес, лебот подлежи на пастеризација со што се овозможува долготрајна консумација од 30 дена без додавање конзерванси

Направете го најдобриот избор за вашето тело и побарајте го во најблискиот маркет!