Секој дом има свој мирис. Кај нас, тоа е мирисот на свежо печен леб.

Го прошируваме асортиманот на Фурнаџиските лебови, со два нови вкуса кои го надополнуваат омилениот Фурнаџиски интегрален леб. 

Со гордост ги претставуваме Фурнаџиски ’ржан и Фурнаџиски пченкарен леб – автентични, инспирирани од домашната трпеза, но создадени со современ пристап и врвен квалитет.

Свежо печени секој ден, подготвени од квалитетни состојки, со крцкава кора и богата текстура – овие лебови нудат вистинско гастрономско уживање и внесуваат топлина на секоја трпеза.
Идеални се во комбинација со традиционални јадења – од гравче-тавче, ајвар и сирење, до супи и свежи салати.

Веруваме дека најдобрите рецепти не стареат – тие се пренесуваат од генерација на генерација. Затоа и Фурнаџиските лебови ги подготвуваме со внимание, време и знаење за да понудиме производи што ќе ве потсетат на домот, на неделните појадоци со семејството и на мирисот од детството.

Ја продолжуваме својата мисија – следејќи ги барањата на нашите лојални потрошувачи.

Побарајте ги новите Фурнаџиски лебови во маркетите низ Скопје и дозволете им да станат дел од вашата секојдневна трпеза.