Надзорен одбор

ИРИНИ ПАТЕРА (IRINI PATERA)

Научник по технологија на храна, прехрамбен технолог – производство на пекарски производи, со стручно познавање од областа на истражувањето, развојот и иновациите и со богато искуство во процесот на развој на нови производи од вкупниот асортиман на печива и пекарски производи. Поседува повеќегодишно работно искуство во бројни меѓународни компании од пекарската индустрија.
Работно искуство: 2014 – ELBISCO S.A., Р. Грција, Директор за Корпоративна одржливост и иновации; 2005 – 2013 ELBISCO SA, Р. Грција, Директор за истражуање и развој; 2002-2005 ELBISCO S.A., Р. Грција, Менаџер за истражување и развој на групацијата; 1996 -2001 Hellenic Biscuit Company (членка на групацијата ELBISCO), Р. Грција Менаџер за истражување и развој – бисквити, крекери и печива; 1992-1996 Campden BRI (стар назив FMBRA), Велика Британија, Менаџер на Одделот Пекарница (раководител до 1993 година); 1987-1991 Oxford Brookes University (стар назив Oxford Polytechnic), Велика Британија, Соработник за истражувачка дејност (Асистент за истражувачка дејност во 1989 година.
Стручна квалификација: 2006 – Магистер по Бизнис администрација (Специјализација по маркетинг) University of Leicester, Executive MBA, Athens; 1991 – Доктор на науки, Прехрамбена наука Oxford Brooks University, Council of National Academic Awards, Oxford, England; 1987- Магистер на науки, Прехрамбена технологија (Специјализација по Контрола на квалитет), University of Reading, Англија; 1985 – Дипломиран прехрамбен технолог (Специјализација по индустриско производство на храна) Technological Educational Institution (TEI), Атина, Р. Грција.

НАТАША ТРПЕНОСКА ТРЕНЧЕВСКА

Родена 1967 година во Охрид, РС Македонија. Дипломиран правник, адвокат во Адвокатското друштво Трпеноски во Скопје, РС Македонија како основач и партнер. Член на Адвокатската комора на РС Македонија, поранешен член на Комисијата за соработка со адвокатски комори од други земји при Адвокатската комора на РС Македонија, Делегат на Основната адвокатска организација 3 во Скопје во Собранието на Адвокатската комора на РС Македонија. Именувана за препорачан правен советник на Амбасадата на Австрија во РС Македонија од страна на Федералното министерство за Европа, интеграции и надворешни работи.
Работно искуство: Од 1990 до 1992 година приправник во Основното јавно обвинителство на РС Македонија и Окружен стопански суд во Скопје. Од 1992 година основач и партнер во Адвокатската канцеларија Трпеноски во Скопје. Од ноември 2005 година основач и лице овластено за застапување на Адвокатското друштво Трпеновски. Член на Надзорен одбор на Жито Лукс АД Скопје.

СТАВРОС БОЗИКАС (ДИРЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ELBISCO S.A.)

Ставрос Бозикас (Stavros Bozikas) има богато професионално искуство во Секторот за човечки ресурси во неколку грчки и интернационални компании во делот на трговијата, рударството и секторот за храна. Тој успешно придонесе за промената на управувањето и организационите трансформации. Магистрирал Човечки ресурси на Универзитетот Сорбона, Франција.

МИХАЕЛ ФАНДРИДИС, ОСНОВАЧ И ЧЛЕН НА EXCEED CONSULTING S.A И ECR HELLAS

Михаел Фандридис (Michael Fandridis) потекнува од Атина, каде што запишува студии по Економија и Бизнис администрација на Економскиот факултет при Универзитетот во Атина. По комплетирањето на студиите, својата кариера ја започнува во PROCTER & GAMBLE, каде што е назначен на неколку позиции со постојано унапредување на надлежностите, а воедно се стекнува и со големо меѓународно искуство во Велика Британија и САД. Повеќе од две децении, односно до 2002 година, е вршител на функцијата Комерцијален директор во PROCTER & GAMBLE HELLAS. Како основач и член на грчката Асоцијација на производители на брендирани производи, повеќе од 15 години е вршител на функцијата Претседател и Генерален секретар во Асоцијацијата. Воедно е основач и член на ECR HELLAS, неколку години ангажиран со своите услуги на позицијата Претседател и моментално на функција Генерален секретар.
Во 2002 година, со своите соработници ја основа EXCEED CONSULTING S.A., консултантска фирма за бизнис услуги од областа на истражување, консолидирање на функциите и деловните процеси во компанијата, корпоративни обуки и развој на човечките ресурси, како и регрутирање на ресурси за извршно ниво и врвен менаџмент.

РОБЕРТА ТЕОВА

Роберта Теова е родена 1967 година во Скопје. Работи на позицијата Раководител на Сектор за општи и правни работи во Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ Скопје. Претходно работела како Раководител на Правен сектор во Друштвото за производство, промет, финансиски и технички инженеринг Малема ДОО Скопје. Роберта дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,1990 година. Нејзина специјална област се јавните набавки и поседува Потврда за положен испит за Лице за јавни набавки издадена од Бирото за јавни набавки од 07.05.2010 година.