ЧЛЕН НА ЕЛБИСКО ГРУПАЦИЈАТА

Жито Лукс веќе 20 години e член на интернационалната групација на компании Елбиско С.А Грција, која стана инвеститор здобивајќи се со сопственост на 55,47 % од акциите на Жито Лукс. Групацијата Елбиско ја прифаќа основната дејност на компанијата со решеност и понатаму да ја развива и модернизира.

Историјата на Елбиско започнува во 1987 година, кога Киријакос Филипу ја купи Hellenic Biscuit Company SA (Грчка компанија за бисквити СА), која беше создадена со поделбата на производството и маркетингот на Алатини СА. Оттогаш Елбиско продложува да развива производи за широка потрошувачка за Алатини – еден од најстарите брендови во Грција.  

Во 1988 година, Елбиско започна да развива ново производство на двопек и производи за печење под брендот Elite. Во 1991 година, ја купи компанијата за производство на пекарски производи Kris Kris SA која ја приспои со Елит. Во 1995 година, ја купи компанијата за производство на двопек Н. Восинакис С.А.

Во 2001 година, компанијата се стекна со мнозински удел акции во Жито Лукс АД Скопје – најголемиот производител на брашно, леб и производи за печење во Република Северна Македонија.