И оваа година го одбележавме Денот на нашата компанија на 16 октомври – Светскиот ден на лебот. Овој датум за нас во Жито Лукс не е само симбол на традицијата, туку и потврда на вредностите што се темел на нашиот успех: посветеност, тимска работа и страст кон создавањето врвни производи.

Овогодишната прослава беше во знакот на заедништвото и позитивната енергија. Преку интерактивни тимски игри и забавни активности, нашите вработени уште еднаш ја покажаа силата на колективниот дух, кој е движечка сила зад секој наш производ. Создадовме незаборавни моменти, исполнети со смеа, добра музика и забава. А посебно сме горди што на овој ден доделивме и плакети за нашите колеги кои се со нас повеќе од 3 децении, луѓето кои со својата посветеност и труд го носат успехот на Жито Лукс со години.

Денот на компанијата е потсетник дека успехот на Жито Лукс е резултат на трудот и посветеноста на секој член од нашиот тим. Продолжуваме заедно да растеме, да создаваме и да бидеме дел од секој дом, носејќи квалитет и љубов на секоја трпеза.