Кога со години сте лидер во пекарската индустрија во нашата земја, тогаш не е ни чудо што Денот на нашата компанија е токму на 16 октомври – Светскиот ден на лебот. А Жито Лукс, како општествено одговорна компанија, сака да им овозможи на идните генерации, на наследниците на оваа благородна работа да ги откријат тајните и да продолжат да ја негуваат љубовта кон создавањето леб и бели печива.

Токму затоа, овој 16 октомври заедно со сите вработени, одлучивме да се дружиме и со средношколците од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, идните сили и наследници на нашето целокупно знаење и искуство. Со нивниот професор Дејан Христовски организиравме подготовка на пици направени од нашето брашно.

Денот на компанијата го доживеа својот максимум со организираната лотарија за вработените на кои им се доделуваа награди и со заедничкото задоволство на сите присутни од остварените планови и целите што си ги зададовме за во иднина.