
Ја проширивме нашата премиум Selection линија со нов производ создаден за вистинските уживатели – Бел пченичен сендвич леб. Инспирирани од вашето секојдневие и желбата за автентични оброци подготвени дома, создадовме основа која ќе го подигне секој сендвич на повисоко ниво.
Под мотото „Моја кујна, мој вајб, мои правила“, овој леб е наменет за сите кои сакаат слобода во креирањето. Без разлика дали е појадок, брз ручек или ужина, новиот сендвич леб овозможува:
- Помеки и подебели парчиња за максимално уживање во секој гриз;
- Густа структура на која лесно се нанесуваат најбогатите филови и сосови без да ја изгуби формата
- Практичност и свежина идеална за современиот ритам на живот.
Со овој новитет, Selection линијата, покрај добро познатите бургер лепчиња, добива нова димензија. Експериментирајте со вкусовите, додадете ги омилените намирници и бидете сами свој шеф во кујната.
Твојот совршен сендвич започнува со вистинскиот избор на леб.
Побарајте го новиот Selection Сендвич леб во најблискиот маркет и создади го својот идеален оброк!


