Оваа година Жито Лукс го зголеми своето портфолио на производи со уште еден од линијата тост лебови – Tост леб со кисело тесто.
Со овој леб консументите имаат можност да искусат кулинарско искуство кое потсетува на традиционалниот начин на правење на леб. Разновидните можности за комбинирање и консумација на овој производ, го прави атрактивен за секој сладокусец кој сака да експериментира во својата кујна. Тост лебот со кисело тесто може да се комбинира со различни намази за појадок, како сендвич за вечера, но и како додаток на секое главно јадење.
Поради неговата леснотија претставува идеален леб за време на високите летни температури.
Во производниот процес, лебот подлежи на пастеризација со што се овозможува долготрајна консумација од 30 дена без додавање конзерванси.