
Ја збогативме нашата палета на интегрални лебови со нов производ од линијата 100% ЦЕЛО ЗРНО. Како одговор на вашите потреби за здрава и квалитетна исхрана, создадовме леб од 100% интегрално пченично брашно со чија, киноа и пченични никулци.
Овој леб е резултат на нашата посветеност да обединиме врвна нутритивна вредност со одличен вкус. Главната ѕвезда во овој состав – чија семето, е една од највредните состојки во современата исхрана. Богато со омега-3 масни киселини, протеини и диететски влакна, тоа придонесува за:
- стабилна и долготрајна енергија,
- подолго чувство на ситост,
- поддршка на активен и динамичен животен стил.
Во комбинација со киноа и пченични никулци, создадовме внимателно избалансиран нутритивен профил наменет за сите кои сакаат повеќе од својот секојдневен оброк.
Новиот леб со чија се надоврзува на веќе познатите производи од линијата:
- 100% интегрално пченично и ’ржано брашно со пченични никулци
- 100% интегрално пченично брашно со семиња од сончоглед и тиква
Веруваме дека здравите навики се градат со квалитетни избори. Со ова проширување, продолжуваме да инвестираме во иновации кои придонесуваат кон поздраво секојдневие, без да правиме отстапки од автентичниот вкус.
Пронајдете го новиот интегрален вкус во маркетите близу вас и почувствувајте ја енергијата на чијата уште од првиот оброк!


