Од неодамна нашата палета производи ја збогативме со нова категорија интегрални лебови чијашто основа е 100 % цело зрно – содржина која има клучна улога во подобрувањето на животниот стил, овозможувајќи голем број здравствени придобивки.
Лебовите од 100% цело зрно се вистинско природно богатство од храна (есенцијални хранливи материи, јаглехидрати, витамини, минерали и диететски влакна) со што даваат поддршка за нормално и правилно функционирање на организмот во текот на целиот ден.
„Изобилството од растителни влакна во лебовите од цело зрно, придонесува дигестивниот тракт добро да функционира и да се има подолготрајно чувство на ситост. Луѓето кои во своето дневно мени за исхрана ги вклучуваат ваквите лебови полесно ја одржуваат и регулираат својата тежина. Една од главните карактеристики на лебот од цело зрно е и што претставува извор на витамини и минерали што се неопходни за здраво и витално функционирање на организмот. Ваквиот леб помага да се одржи константно ниво на енергија по неговото конзумирање, како и намалување на количеството на нездрави масти во телото”, вели доктор Валентина Павлова, редовен професор на Факултетот за Нутриционизам.
Изгледот на овие лебови од цело зрно е специфичиен поради нивната темна боја која доаѓа како резултат од присуството на трици (богати со танини, антиоксиданси, минерали, витамини и растителни влакна), ендосперм и никулци кои природно ги содржи целото зрно. Лебовите од 100 % цело зрно им се препорачуваат на луѓето со активен животен стил, спортисти и адолесценти како дополнителен извор на енергија, а поради нискиот процент на масти помагаат во одржување на витката линија.
И покрај сите квалитетни состојки кои им даваат висока нутритивна вредност на овие лебови тие се меки, вкусни и одлично се комбинираат во сите оброци со секој тип на храна.
Пронајдете го идеалниот интегрален вкус во маркетите близу вас, и почувствувајте ја моќта на целото зрно уште од првиот оброк!