
Од 1946 година до денес, ние растеме и се развиваме заедно со сeкоја генерација.
Се менуваме со времето, ги следиме современите потреби и остануваме верни на она што е најважно – квалитетот, довербата и топлината што ја носиме во секој дом. Ние сме дел од секое ново утро, дел од секоја трпеза што ги собира најдрагите и дел од рацете што несебично споделуваат. Сите оние мали, секојдневни моменти на заедништво низ годините се претворија во наши трајни спомени. Денес, кога одбележуваме осум децении постоење, не ги броиме само годините што поминаа, туку ја славиме нераскинливата доверба што ја градиме заедно со вас.
Ние сме тука. Во срцето на домот, веќе 80 години.


