Оваа недела го прославивме Денот на нашата компанија, воедно одбележувајќи го и Светскиот ден на лебот – симбол на традицијата, топлината и заедништвото што нè поврзуваат.

Оваа година, прославата имаше особено значење бидејќи одбележуваме голем јубилеј – 80 години постоење во срцето на секој дом.

Низ одличен стендап кој ни донесе многу смеа и забавни активности, нашите вработени – кои се вистинското срце на Жито Лукс – уште еднаш ја покажаа силата на колективниот дух што стои зад секој наш успех. Сите овие прекрасни спомени се сочувани во посебен албум, како траен потсетник на заедничката радост и енергија.

Посебно сме горди што на овој ден доделивме и плакети за нашите колеги кои се со нас повеќе oд три децении – луѓето кои со својата посветеност, труд и верност го носат успехот на Жито Лукс со години.

Денот на компанијата е потсетник дека секој наш успех е резултат на трудот и срцето на секој член од нашиот тим. Продолжуваме заедно да растеме, да создаваме и да бидеме дел од секој дом, носејќи квалитет, традиција и љубов на секоја трпеза.