ТОРТА СО ТИКВА

Состојки

За пандишпан:

  • 310 г Брашно за колачи
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажичка сол
  • 50 г какао
  • 1 лажичка есктракт од ванила
  • 350 г шеќер
  • 180 г кисела павлака
  • 4 јајца
  • 2 белки
  • 240 мл масло за јадење
  • 150 г пире од сварена тиква (или испечена)

За фил:

  • 300 г омекнат путер на собна температура
  • 700 г шеќер во прав
  • 3 лажици млеко
  • листови бадеми за декорација

15

120

Подготовка

Подгответе го најпрво филот на тој начин што во длабок сад со миксер ќе ги изматите путерот, шеќерот во прав и млекото додека да добиете хомогена смеса. По желба додајте екстракт од ванила. За пандишпанот: во длабок сад измешајте ги заедно јајцата, маслото за јадење, белките и шеќерот. Додадете ја киселата павлака и екстрактот од ванила. Добро промешајте и додадете ги брашното промешано со циметот, солта и какаото. Добро промешајте ја целата смеса и додадете го пирето од тиква. Смесата поделете ја на три еднакви дела и секој дел печете го во округло тавче со механизам со пречник од 26 см во загреана рерна од 170 степени околу 20-тина минути. Оставете пандишпаните комплетно да се изладат и исфилувајте ја тортата со претходно подготвениот фил. Декорирајте ја со мелени ореви или пак со листови бадеми. 
СЛАДОК КОЛАЧ СО ТИКВИЧКА

СЛАДОК КОЛАЧ СО ТИКВИЧКА

300 г Екстра бело брашно тип 400 2 лажички сода бикарбона ½ лажичка сол 1 лажичка цимет ½ лажичка мелен сув ѓумбир ½ лажичка мускатно оревче малку мелено каранфилче 3 јајца 120 г пире од моркови (сварени и испасирани моркови) 150 г шеќер 120 мл масло за јадење (или растопен путер) 60 мл водa 1 […]

6-860
Жито Лукс рецепт – мезе леб со зелен сос

Жито Лукс рецепт – мезе леб со зелен сос

520
ПЕРЕЦИ

ПЕРЕЦИ

За тестото 1кг Екстра бело брашно тип 400 1 маргарин за готвење 250мл масло за јадење 150мл јогурт 1 лажичка сол 3 жолчки од јајца 1 ќесичка прашок за печиво За премачкување 3 белки сусам сол

30
БУРГЕРИ

БУРГЕРИ

400 г Екстра бело брашно тип 400 2 пакетчиња сув квасец 2 лажици шеќер 2 лажички сол 180 мл млака вода 2 јајца 2 лажици маслиново масло За плескавици: 1 ситно исечкана главица кромид 1 чешне лук, ситно исечкано 2 лажици паста од домати 1 лажица сенф 1 јајце 1 лажица оригано 1 лажица мајчина […]

5-7140
ЕМПАНАДАС СО ПЕЧУРКИ

ЕМПАНАДАС СО ПЕЧУРКИ

За тесто: 500 г Екстра бело брашно тип 400 250 г млеко 2 лажици шеќер ½ квасец 1 јајце 3 лажици маслиново масло сол по вкус За фил: 1 лажица Екстра бело брашно тип 400 2 лажици путер 1 средна главица кромид 500 г свежи шампињони 200 мл вода 1 лажица сув босилек 1 лажица […]

4-660
ОВОШЕН РОЛАТ

ОВОШЕН РОЛАТ

За смесата со точки: 50 г Брашно за колачи 2 лажици шеќер 1 јајце 1 лажица растопен путер 1 лажичка црвена прехрамбена боја За смесата за ролат: 90 г Брашно за колачи 4 јајца 100 г шеќер 2 лажици масло за јадење 1 лажичка сол За фил: 250 г млеко 2 ќесички шлаг 150 г […]

1260
КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

За бисквит основата:  250 гр издробени Меки колачиња со чоко парчиња 6 лажици растопен путер  25 гр шеќер  кора од еден лимон. За фил: 2 жолчки  150 мл кондензирано млеко  30 мл свеж сок од лимон  1 лажичка рендана кора од лимон  170 гр мешано шумско овошје

1235
БАКЛАВА

БАКЛАВА

СОСТОЈКИ 3 пакувања Сендвич колачиња со ванила фил 250 г сечкани ореви 200 г сечкани бадеми 250 г растопен путер 500 г кори за баклава За шербет: 500 г шеќер 400 мл вода резанки од 1 лимон 2 пакетчиња ванилин шеќер

3090