Чоколадна мус торта со малини

Состојки

За пандишпан:

  • 100 г Брашно за колачи
  • малку сол
  • 50 г какао
  • 120 мл врела вода
  • 200 г шеќер
  • 120 мл масло за јадење
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила

За чоколаден мус:

  • 250 г чоколадо за готвење
  • 50 г какао
  • 3 јајца
  • 3 лажици путер
  • 300 мл слатка павлака
  • малини.

За декорација:

  • 100 г чоколадо за готвење
  • 3 лажици путер
  • 1 ќесичка шлаг изматен со 125 мл млеко и 3 лажици какао.

10-12

150

Подготовка

Во сад, измешајте го брашното со малку сол. Во друг сад измешајте го какаото со врела вода, па додајте го шеќерот и маслото. Со постојано мешање додавајте ги јајцата и ванилата, а потоа и брашното и солта. Вака подготвената смеса печете ја во тава бр. 28 на 170° C, околу 20 минути. Изладениот пандишпан исечете го на половина. За подготовка на мусот, на пареа растопете го чоколадото и путерот. Додајте го какаото. Кога смесата малку ќе се олади, додајте ги изматените жолчки од јајцата кои претходно сте ги свариле на пареа. Убаво промешајте. Настрана, изматете ги белките во цврст снег и додајте ја чоколадната смеса. Изматете ја и слатката павлака и додадете ја во смесата. На дното на тавчето во кое се печеше пандишпанот, наредете го првиот пандишпан, врз кој ќе ставите 80 % од смесата со чоколадниот мус. Наредете цел слој со свежи малини. Ставете го вториот пандишпан, па преостанатиот дел од смесата со мусот. Оставете во ладилник за да се стегне. По два часа, во сад на пареа, растопете го чоколадото заедно со путерот и прелијте ја смесата врз горниот дел од тортата. Вака подготвената торта се остава во ладилник до послужување. Декорирајте по желба.
КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

КОЛАЧ ОД ЛИМОН И ШУМСКО ОВОШЈЕ

За бисквит основата:  250 гр издробени Меки колачиња со чоко парчиња 6 лажици растопен путер  25 гр шеќер  кора од еден лимон. За фил: 2 жолчки  150 мл кондензирано млеко  30 мл свеж сок од лимон  1 лажичка рендана кора од лимон  170 гр мешано шумско овошје

1235
КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ.

230 г Брашно за колачи 350 г суво грозје кора од 3 портокали 300 мл свежо исцеден сок од портокал 1 јајце 150 г мешано суво овошје по желба (урми, смокви, суви сливи, кајсии итн.)

1580
СОЧНИ СОЛЕНИ КОЛАЧИ

СОЧНИ СОЛЕНИ КОЛАЧИ

250 г Брашно за колачи 1 лажица шеќер 1 лажичка сол 1/2 лажичка лук во прав 5 лажици студен путер 180 мл студено млеко 120 г рендан кашкавал 3 лажици рендан пармезан За премачкување: 2 лажици растопен путер 1 чешне лук ситно исечкано 1 лажичка свежо исечкан магдонос прстофат сол

1245
ШТРУДЛА СО ЧОКОЛАДО И ОРЕВИ

ШТРУДЛА СО ЧОКОЛАДО И ОРЕВИ

За тесто: 500 г Екстра бело брашно тип 400  200 мл млеко 1 лажица шеќер 1/2 свеж квасец 3 лажици масло за јадење 3 жолчки 150 г шеќер во прав 1 лажичка екстракт од ванила За фил: 100 мл млеко 100 г чоколадо за готвење 100 г шеќер 100 г ситно мелени ореви 2 лажици […]

10150
МИРИСЕН КОЛАЧ

МИРИСЕН КОЛАЧ

250 г Екстра бело брашно тип 400 2 лажички прашок за печиво 1 лажичка цимет 1/2 лажичка мелено каранфилче 1/2 лажичка мелено мускатно оревче 1/2 лажичка сол 2 јајца на собна температура 150 г шеќер 170 мл кисела павлака кора од 1 портокал 80 мл сок од портокал 100 г шеќер 60 мл масло за […]

2060
СЛАДОК ДВОПЕК

СЛАДОК ДВОПЕК

12 парчиња Двопек со сусам и просо 2 мали шолји сок од брусница 1/2 мала шолја вода 125 g шеќер 1 ќесичка цимет 1 парче кора од лимон 2 лажици густин 2 лажици бадеми 2 лажици суво грозјеД

625
Mини пити

Mини пити

За тесто: 350 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол240 г путер исечкан на коцки 50-60 мл студена вода. За фил: 1 тиквичка 1 главица кромид 1 пиперка 1 модар домат 1 домат 2 лажици маслиново масло 1 чешне лук 1 лажица мешан сув зеленчук малку мајчина душичка сол и бибер.

4120
МЛЕЧНА КИФЛА

МЛЕЧНА КИФЛА

1кг Екстра бело брашно тип 400 500мл млеко 40г квасец 200мл масло за јадење 100г шеќер 1 мало лажиче сол

90