Во еден сад соединете ги сувите состојки за пандишпанот: брашното, солта, какаото и ванилата, а во друг соединете ги влажните состојки: медот, маслото и млекото. Соединете ги двете смеси заедно т.е. во садот со влажните состојки додадете ги сувите состојки на два-три пати. Смесата за пандишпан префрлете ја во обложено тавче со хартија за печење и печете околу 15-тина минути на 180 степени. Во тенџере на оган, ставете ги сите состојки за сосот од вишни и мешајте постојано со жица за матење. Кога сосот ќе се згусне, тргнете од оган и покријте со хартија за свежа храна за сосот да не фати кора. За да ја подготвите чоколадната глазура, во сад на пареа ставете го чоколадото, млекото и путерот да се растопат. Изладете го пандишпанот и со помош на чаша пресечете мали кругови. Земете еден дел од пандишпанот, премачкајте го со изладениот сос и поклопете со уште еден дел од пандишпанот. Постапката повторете ја додека не ги потрошите круговите пандишпан и сосот од вишни. Врз секоја тортичка декорирајте со растопена чоколадна глазура.