ЧОКОЛАДНА ТОРТА

Состојки

За пандишпани:

За фил:

  • 400 мл млеко
  • 6 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 200 г омекнат путер
  • малку рум

За декорација и вториот фил:

  • 2 ќесички шлаг-пена
  • 250 г млеко,
  • 2 лажици какао
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици шеќер во прав

За наросување:

  • 150 г мелени ореви

12

120

Подготовка

Изматете ги белките заедно со шеќерот и ванилата. Потоа постепено кога ќе се добие цврст снег, додадете ги брашното и мелените ореви. Префрлете ја смесата во голема правоаголна тава обложена со хартија. Печете 15-20 минути на 180 степени. Отстранете ја хартијата за печење и поделете го пандишпанот на 3 еднакви дела и оставете комплетно да се излади. Во тенџере на оган загрејте го млекото, а во сад настрана, промешајте ги заедно жолчките, шеќерот, пудингот од чоколадо и румот. Кога млекото ќе започне да врие додајте ја чоколадната смеса во тенџерето и мешајте со жица за матење додека не се згусне. Целата смеса поминете ја низ мрежна цедалка и покријте со хартија за свежа храна за да не се формира кора. Кога филот комплетно ќе биде изладен, изматете го со миксер, а потоа додадете го и омекнатиот путер и матете додека смесата комплетно не се соедини. Во друг сад со мискер изматете ги заедно кесичките за шлаг-пена, млекото, какаото, екстрактот од ванила и шеќерот во прав. Матете додека не добиете густ фил. Филувајте ја тортата така што на првиот пандишпан ќе ставите од првиот чоколаден фил со путер, потоа наросете ореви, па од вториот фил. Наредете го вториот пандишпан, црниот фил, наросете ореви и светлиот фил. Последната кора нанесете ја врз светлиот фил и декорирајте ја целата торта со црниот фил. Декорирајте и со малку од светлиот фил, нанесете слатко од цреши и мелени ореви.
ПАЛЕНТА СО ПЕЧУРКИ

ПАЛЕНТА СО ПЕЧУРКИ

170 г Палента 800 мл вода 2 лажици „Вегета“ ½ l доматно пире 1 кромид 1 исечкано чешне лук малку бело вино 10 г путер 2 лажици масло шампињони малку лимонов сок оригано и магдонос по желба

240
СЕНДВИЧ КОЛАЧИ

СЕНДВИЧ КОЛАЧИ

2 пакувања Kолачиња со чоколадни парчиња 200 гр шеќер во прав  100 гр омекнат путер  2 лажици екстракт од ванила  3-4 лажици млеко чоколадни парченца за декорација

1240
БРЗА ЗАКУСКА

БРЗА ЗАКУСКА

СОСТОЈКИ 1 Грахам леб 100 гр мајонез 200 гр крем-сирење 1 лажичка ситно исечкан копар сол и мелен црн пипер по вкус 4-5 капки сок од свеж лимон 150 гр пршута

8-1020
Жито Лукс рецепт – мезе леб со зелен сос

Жито Лукс рецепт – мезе леб со зелен сос

520
МЕДЕНИ СРЦА

МЕДЕНИ СРЦА

За тесто 500г Пекарско брашно тип 500; 250г мед; 100г шеќер; 150г маргарин; 1 јајце; 10г какао: 2 мали лажички цимет; 1 ќесичка прашок за печиво; 100г ситно сечкани бадеми. За филување 2 пудинга од ванила; ½ л млеко.

210
КАФЕ-ТОРТА

КАФЕ-ТОРТА

За тесто: 170 г Брашно за колачи 170 г путер или маргарин на собна темепратура 170 г шеќер (може да користите и кафеав шеќер) 3 јајца 4 лажици инстант кафе разредени со 1 лажица врела вода За фил: 120 г шеќер во прав 70 г путер на собна температура 1 лажица инстант кафе разредено во […]

1245
ПИЛЕШКА ТОРТА ОД ТОСТ ЛЕБ

ПИЛЕШКА ТОРТА ОД ТОСТ ЛЕБ

1 пакување  Бел леб 1кг сварен пилешки стек 1 шолја мајонез сок и кора од 1 лимон ситно изрендана 80 г растопен путер 80 г рукола крупно исечкана ¾ шолја ситно исечкани зачински билки (магдонос, нане, копар, босилек) сол и бибер

4-630
ПИТА-ПОГАЧА СО УРДА

ПИТА-ПОГАЧА СО УРДА

За тесто: 800 г Екстра бело брашно тип 400 350 мл млеко 2 јајца 1 белка од јајце 1 жолчка за премачкување 50 мл масло за јадење 50 мл јогурт 30 г свеж квасец 2 лажички сол 1 лажица шеќер За фил: 150 г путер или маргарин 300 г урда

4-6150