Светскиот Ден на детето, 20-ти ноември, беше одбележан и од нашата компанија со спроведување на донаторска акција. Жито Лукс за децата со посебни потреби обезбеди над 200 пакетчиња со производи што им беа доделени на штитениците во седум социјални институции во Македонија: Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Топаанско Поле, Скопје, Интернатот за привремено згрижување на деца од социјално загрозени семејства „Гоце Делчев” во село Љубанци, како и во Дневните центри за згрижување на деца и младинци со посебни потреби од Велес, Гостивар, Тетово, Прилеп и Куманово. Со овој за нас мал, но за овие деца голем подарок, сакаме да им го разубавиме секојдневието и да бидеме пример кој треба да го следат сите компании, како помош и поддршка на децата и младинци со посебни потреби.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ