Objavi DOnacija (2)Сите 65 години од нашето постоење како компанија ги изминавме во стабилни и темелни анализи за успешно и правилно работење. Постојано го бараме вистинскиот начин да помогнеме на вистинското место, во вистинското време, на вистинските луѓе. Сме помогнале и порано онаму каде што сме дознале дека е потребна помош. Овојпат дознавме дека помош им е потребна на малите дечиња што престојуваат на хируршкиот оддел во Општата болница во Велес.

Се одлучивме да ја примениме веќе докажаната и успешна техника на донирање, така што ќе одделиме по 2 денари од секој купен леб на Жито Лукс.

Целта беше да се соберат што повеќе средства кои ќе бидат донирани за купување опрема во болницата, и на тој начин да им се олесни престојот на децата во болничкиот оддел, односно да им се овозможи побрзо закрепнување. Акцијата ја започнавме на 16 септември и ќе трае сè додека не се соберат доволно средства потребни за опремување на детскиот оддел. Во меѓувреме, најнеопходната опрема е веќе нарачана. Со донираните средства од Жито Лукс се планира набавка на: кревети, телевизори, масички, клима-уред, фрижидер, држачи за инфузија, инхалатори, аспиратори и останати потребни елементи што ќе бидат сместени во една соба за децата на хируршкиот оддел. Донацијата ја реализиравме со помош на Здружението на родители за грижа на здраво поколение, чија хуманост допре и до Детскиот оддел на општата болница во Велес, каде што престојот на децата е најзагрозен, а помошта најпотребна.

Здружението на родители за грижа на здраво поколение е здружение посветено на работа токму со вакви загрозени групи. Нивната помош е безрезервна, а хуманоста безгранична. Активностите на Жито Лукс нема да застанат тука.

Секогаш има луѓе на кои им е потребна грижа и помош, а ние секогаш ќе бидеме подготвени да им излеземе в пресрет.

Objavi DOnacija (1) Objavi DOnacija (3)

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ