Со гордост ја претставуваме новата категорија лебови наречени Супер лебови чија главна карактеристика е високата нутритивна вредност. При нивното креирање, користиме таканаречени супер состојки (познати како „superfoods”) како што се: чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант, со што на нашите потрошувачи им нудиме избор од три нови леба – идеален избор за избалансирана и здрава исхрана.
Направени по уникатна и едноставна рецептура Супер лебовите во својата основа содржат исклучиво 100 % целозрнести и минимално процесирани состојки, кои дополнително се збогатени со супер зрна, житарки и маслиново масло со што добивме избалансиран и уникатен вкус. Но освен ова, Супер лебовите како и останатите лебови од нашиот асортиман, немаат конзерванси, вештачки бои и не содржат додадени шеќери и палмина маст.