ПУДИНГ СО ПАЛЕНТА

Палента

Начин на подготовка

Во тенџере со средна големина, на средна температура,  се загреват водата, млекото, шеќерот и стапчето цимет. Се остава да зоврие и  се трга од шпоретот. Се отстранува стапчето цимет.

Во друго тенџерче на средна температура  се растопува путерот и  се остава да зоврие,  притоа се внимава да не стане кафен (т.е. да не изгори). Тенџерето се трга од шпоретот и полека  се додава палентата, малку по малку, сè додека смесата не стане компактна. Потоа се меша со смесата од млеко, додавајќи постепено. Се меша сè додека смесата не се згусне. Се сервира по желба.

palenta

Состојки

  • 1 шолја палента
  • 1 шолја вода
  • 1 1/2 шолја млеко
  • 1 1/2 шолја бел шеќер
  • 1 стапче цимет
  • 1/2 шолја путер