ПАЛЕНТА СО ПЕЧУРКИ

Палента

Начин на подготовка

Во 800 мл зовриена вода ставете 2 лажици „Вегета“, а потоа истурете ја палентата во водата и постојано мешајте на тивок оган околу 2-3 минути. Готовата палента сипете ја во намастен калап со округла форма.Сос од домати

На масло испржете ситно сечкан кромид. Потоа додадете ситно сецкан лук и бело вино и кратко пропржете. Оставете да се вари сè додека течноста не испари. Потоа ставете ги исечканите домати, додадете шеќер и „Вегета“ и варете ги на тивок оган, околу 20 минути.

Загрејте 10 г путер и 2 лажици масло. Додајте  ги исчистените шампињони. Прелијте ги со лимонов сок и кратко пропржете ги. Додајте ситно исечкан лук, оригано и лажица „Вегета“, па пропржете додека течноста не испари. На крајот додајте свежо исецкан магдонос.Оладената и стврдната палента извадете ја и исечете ја на даска на 8 парчиња. Потпечете ја со преостанатото масло и путер од двете страни, сè додека не добие златно-жолта боја.

palenta

Состојки:

  • 800 мл вода
  • 2 лажици „Вегета“
  • ½ l доматно пире
  • 170 г палента
  • 1 кромид
  • 1 исечкано чешне лук
  • малку бело вино
  • 10 г путер
  • 2 лажици масло
  • шампињони
  • малку лимонов сок
  • оригано и магдонос по желба