ПАЛЕНТА СО ПАРМЕЗАН

Палента

Начин на подготовка

Измијте го босилекот и добро исушете го. Иситнете го во електричен „сечко“ заедно со лукот. Посолете го и постепено додавајте го ренданиот пармезан. Потоа сипете го маслото и мешајте додека не добиете компактна смеса. Зовријте ги водата и млекото, сипете го брашното и мешајќи, варете го 15 минути. На крајот измешајте ги путерот, пармезанот и третина од сосот. Готовата палента послужете ја со остатокот од сосот.

palenta

Состојки

  • 600 мл вода;
  • 600 мл млеко;
  • 170 г пченкарно брашно;
  • 40 г рендан пармезан;
  • 40 г путер.

За сосот:

  • малку крупна сол;
  • 60 г свеж босилек;
  • 100 г рендан пармезан;
  • 150 мл масло.