Отворен сендвич со пиперка и топен кашкавал

Микс од зрна

Начин на подготовка

Ставете ги исечканите пиперки и кашкавалот во сад и помешајте ги со малку маслиново масло, сол и бибер. Ставете ги парчињата леб во сад за печење и врз секое од нив ставете од претходно подготвената смеса. Ставете го садот во рерна и печете додека не се стопи кашкавалот.

Мала тајна

Ставете го садот да се пече на повисока температура за да се стопи полесно кашкавалот.

pchenichen_miks_od_zrna
за 4 лица
12 мин.

Состојки:

  • 8 парчиња „Жито Лукс“  леб со микс од зрна
  • 1 зелена, 1 портокалова и 1 црвена блага пиперка, ситно исечкани
  • 100г Гауда кашкавал, исечен на коцки
  • 2 лажици ситно исечкани маслинки
  • ситно сечкан свеж магдонос
  • сол и свежо мелен бибер