КРЕМ ЧОРБА ОД ПЕЧУРКИ СО ДВОПЕК

Двопек бел

Начин на подготовка

Печурките се мијат и се сушат. Две третини од нив се мелат заедно со главичката кромид, а остатокот се сечка на ливчиња. Малку се пропржуваат на маслиново масло, потоа им се додава брашното, се налева литар и половина вода и се остава да се вари. Се посолува и се става сув зачин по желба. Чорбата се остава да врие околу 15 минути. Се трга од оган и се додава ситно исечкан свеж магдонос. Кога чорбата малку ќе се олади, се додава јајцето изматено со киселата павлака. При служењето, во секоја чинија одозгора се ставаат неколку коцкички двопек.

bel_pchenichen_dvopek

Состојки

  • 3-4 парчиња двопек
  • 250 g свежи шампињони
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица брашно
  • 1 јајце
  • 1,5 l вода
  • 100 ml кисела павлака
  • магдонос
  • маслиново масло
  • сол, сув зачин по желба