КОЛАЧ СО ДВОПЕК И КАЈСИИ

Двопек бел

Начин на подготовка

Кајсиите се исцедуваат, а двопекот се крши на ситни парченца. Во меѓувреме рерната се загрева на 175 C. Путерот кремасто се мати со солта и шеќерот и потоа се додаваат јајцата, едно по едно. Сето тоа убаво се мати. Прашокот за печиво, иситнетиот двопек и смесата со путерот се мешаат со брашното. Се става во калап и се мазни површината. Одозгора се распоредуваат половинките кајсии. Се пече 45 минути. Откако ќе се олади, одозгора се редат листовите бадем, кои претходно биле пропржени во тава. Рабовите на колачот се премачкуваат со мармаладот од кајсии.

bel_pchenichen_dvopek

Состојки

  • 15 парчиња двопек
  • 1 конзерва компот од кајсии
  • 125 g путер, 125 g шеќер
  • 3 јајца
  • 100 g брашно, малку сол
  • 2 лажици прашок за печиво
  • 100 g мармалад од кајсии
  • неколку бадеми за декорирање