Фондацијата „Рето надеж“ со благодарност за донацијата на „Жито Лукс“

“Жито Лукс“ уште еднаш се потврди како компанија којашто е постојано активна и присутна со донации во различни области, секогаш подготвена да помогне онаму каде е потребна помош. Една од последните такви активности беше донацијата во фондацијата „Рето Надеж“, што се одвива во текот на цела година. Бескрајната благодарност за дадената помош од сите штитеници на оваа фондација е содржана во зборовите од претседателот Радослав Крстов. „Сите донации, во кој било облик, за нашата фондација секогаш се добредојдени. Ние постоиме и функционираме за една од најчувствителните групи граѓани од нашата заедница.

Fondacija Reto nadezНа штитениците од „Рето Надеж“, секој гест на внимание и грижа им значи многу. Со донацијата што ни ја овозможи компанијата „Жито Лукс“, се приближивме кон посакуваната цел – подобрување на условите на функционирање на фондацијата. Во акцијата што ќе трае 12 месеци, предвидено е обезбедување на потребното количество леб за членовите на фондацијата. Благодарноста која ја чувствуваме кон компанијата „Жито Лукс“ за ова хумано и несебично дело е навистина голема, затоа што покажа дека навистина се грижи за најмаргилизираните членови од нашето општество.

Искрено се надеваме дека заедно со „Жито Лукс“, станавме пример што ќе го следат и останатите поголеми компании од Македонија и ќе придонесат кон подобрување на условите на нашиот центар“, изјави претседателот на фондацијата „Рето Надеж“, Радослав Крстов. Можеме со сигурност да кажеме дека „Жито Лукс“ и понатаму ќе иницира хумани гестови и ќе им излегува во пресрет на потребите на заедницата. Нашата компанијата е секогаш подготвена да им помогне на оние кои имаат потреба од тоа.