ЧПП

ЛЕБ

1. Зошто одредени лебови на Жито Лукс траат подолго?

  • Палетата на лебови на Жито Лукс содржи повеќе категории на леб. Покрај дневните (традиционални лебови) Жито Лукс во својата палета има лебови кои имаат продолжена свежина:
    • Бел леб на парчиња со продолжена свежина
    • Лебовите од разни житарки: Грахам, Баварски, Нордик, Нутри- леб со семки од сончоглед
    • Тост лебовите : Бел тост леб, Пченкарен тост леб, Тост леб со микс од зрна, ‘Ржан тост леб, Интегрален тост леб, Бриош и  Млечен тост леб, Медитерано со маслинки, Медитерано со сусам, Медитерано со домати,  Нутри- 100% интегрален тост леб

Овие лебови имаат продолжена свежина благодарение на процесот на пастеризација. Пастеризација, методот што сé почесто се користи е термички процес при кој што се уништуваат дел од микроорганизмите во храната  и патогените бактерии и се намалува ензимската активност во производот. Ваквото изложување на производот на контролирана топлина обезбедува продолжување на свежината и трајноста  на производот на природен начин и без употреба на конзерванси, а притоа не се менува составот, вкусот и хранливата вредност на храната. По печењето, лебот се сече, потоа се пакува и се изложува на т.н. повторно термичко третирање на соодветна температура, во одреден временски интервал.

Детално и визуелно објаснување на процесот на пастеризација може да најдете тука.

 2. Дали користите конзерванси во лебовите со подолг рок на траење?

Не, лебовите на  Жито Лукс не содржат конзерванси.

 3. Дали во вашето портфолио на лебови имате лебови произведени од сомелено цело зрно житарки (интегрални)?

4. Дали додавате прехранбени бои во интегралните лебови?

Не, во ниту еден леб. Обоеноста е резултат на употребените суровини.

5. Дали имате безглутенски леб?

  • Идејата веќе се разгледува и кога ќе идентификуваме можност на пазарот, секако дека ќе го прошириме нашето портфолио и со безглутенски леб. Моментално во портфолиото на лебови на Жито Лукс нема безглутенски леб.

Ви благодариме на интересот.

6. Каде може да се добијат информации за нутритивната вредност на вашите производи?

  • На сите наши пакувања имаме истакнато, во состав на декларацијата, нутритивни табели.

 

БРАШНО

1. Што е глутен?

  • Глутенот (од латински gluten, “glue”) е протеин којшто се наоѓа во пченицата и други слични житарки како јачмен, ‘рж и овес и процесираната храна од истите житарки. Глутенот дава еластичност на тестото, му помага да нарасне и да добие форма и текстура. Некои луѓе се чувтвителни на глутен поради проблеми со варењето на храната. Алергиите на пченица и нетолеранцијата на глутен се две различни работи.

2. Дали додавате вештачки глутен во брашното?

  • Не, во ниту едно брашно на Жито Лукс за домашна употреба нема никакви додадени состојки.