Двопек бел

Начин на подготовка

Двопекот се крши на мали парчиња, се реди во тава за печење и се прелива со млака вода, се додека не омекне. Се матат јајцата и со нив се прелива двопекот. Потоа се става кечапот или пасираните домати. На крајот се редат сите останати состојки (шунка, кашкавал, печурки, итн.) и се наросува ориганото. Пицата се пече на 220o C, околу 20 минути.

bel_pchenichen_dvopek

Состојки

  • 5-6 парчиња двопек
  • (може и интегрален)
  • 150-300 ml млака вода
  • неколку парчиња шунка и кашкавал
  • печурки, маслинки
  • 1 свежа пиперка
  • 1-2 јајца (по желба)
  • пасирани домати (или кечап)
  • оригано