На 11 ноември Жито Лукс АД Скопје донираше опрема за подобрување на условите на детскиот оддел во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид. Донацијата е резултат од хуманитарната акција на Жито Лукс АД Скопје спроведена од 26 јули до 31 август во Охрид и Струга – со секој купен леб и брашно се одвојуваа средства за донацијата во оваа болница. Преку спроведената акција собрани се средства за детскиот оддел, со кои според барање на болницата набавена е опрема: медицински детски кревети, душеци, телевизори и фрижидери кои досега недостасуваа.

„Бевме изненадени од идејата на Жито Лукс и ова е првпат македонска компанија на некој начин да донира нешто во нашата болница. Бараната опрема од наша страна ќе придонесе многу за подобрување на условите во оваа единствена институција од овој тип, посебно кога станува збор за нашите најмали пациенти. Се надеваме дека овој пример на Жито Лукс ќе го следат и други македонски компании“, изјави Митко Тилески, директорот на болницата.