Донација на жито лукс за св. Преображдение во Kрушево

Пред манастирот Св. Преображение на 18 и 19 август оваа година присуствуваа повеќе од 3.000 верници и на најдостоен начин го одбележаа својот најголем празник. За овој настан Жито Лукс АД Скопје донираше шестотини парчиња леб, со што уште еднаш потврди дека мисли на своите потрошувачи, кои овој пат уживаа во вкусовите на белиот, грахам и баварскиот леб. Како општествено одговорна компанија Жито Лукс и во иднина ќе продолжи со своите донации покажувајќи на тој начин дека секогаш е тука да помогне онаму каде што е најпотребно.