ДОМАШНА ПИТА

Состојки

За тесто:

  • 700г Сенаменско брашно
  • 380-400мл вода
  • 10г шеќер
  • 300г брашно за посип
  • 20мл масло за јадење
  • 300мл зејтин за попрскување
  • 10г свеж квасец
  • 15г сол

Фил по желба.

8

90

Подготовка

Брашното се става во сад за месење, во средината се прави мала вдлабнатина во која се додаваат квасецот и шеќерот, а околу солта и маслото за јадење. Со млака вода се раствора квасецот и полека се додава остатокот од водата. Се меси за да се соедини убаво целата маса сè додека тестото не почне да се одвојува од садот. Потоа  убаво се обработува на работната маса. Се остава да отстои 10 минути покриено. Се дели на парчиња од окоу 150г и се обликува во топчиња кои треба да одморат уште 10 минути. Работната маса се посипува со брашно и топчињата се сукаат едно по едно со посипување  со брашно, при што се развива кора. Секоја кора се прска со масло за јадење и се става фил по желба, се витка во ролат и се става во тепсија. Откако ќе се наполни тепсијата, питата од горе се попрскува со остатокот од маслото и се остава да одмори уште 10 минути. Се пече на температура од 225°С до 250°С околу 25 до 30 минути во зависност одрерната. Откако питата ќе се извади од рерната, се попрскува со малку вода и се покрива со салфета.
КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ПУДИНГ

КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ПУДИНГ

1 пакување Пченичен двопек 500г шеќер 1л вода 2 ќесички ванилин шеќер 2 ќесички пудинг од чоколадо 2 ќесички шлаг пена

825
Чоколадни коцки со ванила-крем

Чоколадни коцки со ванила-крем

За пандишпaн: 190 г Екстра бело брашно tип 400 9 јајца 250 г шеќер 2 лажички прашок за печиво 100 г какао 3 лажици масло за јадење. За фил: 800 мл млеко 3 пудинга од ванила 130 г шеќер 2 пакетчиња шеќер од ванила 180 г путер За глазура: 200 г чоколадо за готвење 5 […]

10-1260
ДОМАШНА ПИТА

ДОМАШНА ПИТА

За тесто: 700г Сенаменско брашно 380-400мл вода 10г шеќер 300г брашно за посип 20мл масло за јадење 300мл зејтин за попрскување 10г свеж квасец 15г сол Фил по желба.

890
ТОРТИЛЈА ФИШЕЦИ

ТОРТИЛЈА ФИШЕЦИ

За тортилја лепчиња: 400 г Екстра бело брашно тип 400 160 мл млака вода прстофат сол 50 мл масло за јадење За крем-салата: 500 г пилешки стек, сварен и исечкан на коцки 5-7 лажици кисела павлака 300 г варена пченка 3 лажици рендан пармезан 150 г сечкани маринирани шампињони сол и мелен црн пипер по […]

640
Жито Лукс рецепт – Лосос со интегрален леб

Жито Лукс рецепт – Лосос со интегрален леб

320
БРУСКЕТИ СО ПРШУТА

БРУСКЕТИ СО ПРШУТА

неколку парчиња ‘Ржан двопек 150 g пршута 300 g чери домати 1 топка моцарела сирење власец (може и магдонос или младо кромитче) маслиново масло 1 чешне лук, сол

450
КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ОРЕВИ

КОЛАЧ СО ДВОПЕК И ОРЕВИ

За тесто 1 пакување Пченичен двопек 4 јајца 1 прашок за печиво 1 шолја шеќер 1 шолја масло за јадење 1 шолја ореви 1 шолја павлака За фил (шербет) 800 g шеќер 2 шолји вода 1 ќесичка ванилин шеќер За глазура: 1 шлаг крем или слатка павлака

440
БИСКОТИ

БИСКОТИ

230 г Екстра бело брашно тип 400 150 г шеќер 120 мл масло за јадење 2 јајца кора од 1 лимон неколку капки екстракт од бадем 100 г цели бадеми 100 г суво грозјe 2 лажички прашок за печиво малку сол 1 јајце, изматено за премачкување

680