ДОМАШНА ПИТА

Состојки

За тесто:

  • 700г Сенаменско брашно
  • 380-400мл вода
  • 10г шеќер
  • 300г брашно за посип
  • 20мл масло за јадење
  • 300мл зејтин за попрскување
  • 10г свеж квасец
  • 15г сол

Фил по желба.

8

90

Подготовка

Брашното се става во сад за месење, во средината се прави мала вдлабнатина во која се додаваат квасецот и шеќерот, а околу солта и маслото за јадење. Со млака вода се раствора квасецот и полека се додава остатокот од водата. Се меси за да се соедини убаво целата маса сè додека тестото не почне да се одвојува од садот. Потоа  убаво се обработува на работната маса. Се остава да отстои 10 минути покриено. Се дели на парчиња од окоу 150г и се обликува во топчиња кои треба да одморат уште 10 минути. Работната маса се посипува со брашно и топчињата се сукаат едно по едно со посипување  со брашно, при што се развива кора. Секоја кора се прска со масло за јадење и се става фил по желба, се витка во ролат и се става во тепсија. Откако ќе се наполни тепсијата, питата од горе се попрскува со остатокот од маслото и се остава да одмори уште 10 минути. Се пече на температура од 225°С до 250°С околу 25 до 30 минути во зависност одрерната. Откако питата ќе се извади од рерната, се попрскува со малку вода и се покрива со салфета.
ПАЛЕНТА СО ПАРМЕЗАН

ПАЛЕНТА СО ПАРМЕЗАН

170 г Пченкарно брашно; 600 мл вода; 600 мл млеко; 40 г рендан пармезан; 40 г путер. За сосот: малку крупна сол; 60 г свеж босилек; 100 г рендан пармезан; 150 мл масло.

225
ФРАНЦУСКИ СЕНДВИЧ „CROQUE – MONSIEUR“

ФРАНЦУСКИ СЕНДВИЧ „CROQUE – MONSIEUR“

СОСТОЈКИ 1 пакување Бриош леб 250 мл бешамел сос 10-тина парчиња шунка 10-15 парчиња кашкавал 200 г рендан кашкавал мелен црн пипер по вкус

450
КОЛАЧ СО АФИОН

КОЛАЧ СО АФИОН

4 чаши Пекарско брашно тип 500 2 чаши млеко 2 чаши шеќер 2 чаши масло за јадење 100г афион во зрно 1 ќесичка ванилин шеќер 1 ќесичка прашок за печиво

6-850
КИШ

КИШ

За тесто: 350 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 240 г ладен путер исечкан на коцки 50-60 мл студена вода За фил: 250 г исечкана сланина на коцки 2 лажици маслиново масло 1 средна главица кромид ситно исечкана 3 јајца 2 жолчки 270 мл неутрална павлака 1 лажичка сол 1 лажичка мелен […]

6120
ВКУСНИ ЗЕМИЧКИ СО ПИЦА ФИЛ

ВКУСНИ ЗЕМИЧКИ СО ПИЦА ФИЛ

500 г Екстра бело брашно тип 400 250 г млеко 50 мл маслиново масло 1/4 свеж квасец прстофат сол 2 лажички шеќер 150 г рендан кашкавал 20 г рендан пармезан 50 мл доматен сос 100 г кулен јајце за премачкување

10-12140
Колач со портокал

Колач со портокал

200 г Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка прашок за печиво 3 јајца 150 г путер 160 г шеќер 1 портокал (кора и сок)

8-1050
ТОСТ КАНАПЕИ СО ФИЛ ОД ПЕЧУРКИ

ТОСТ КАНАПЕИ СО ФИЛ ОД ПЕЧУРКИ

1 пакување интегрален пченичен тост леб 300г крем-сирење 2 лажици маслиново масло 1 помал компир 500г свежи печурки неколку чешниња лук 50мл бело вино 1 лажичка сув темјан ¼ лажичка црн бибер ¼ лажичка сол

Жито Лукс рецепт – мезе леб со зелен сос

Жито Лукс рецепт – мезе леб со зелен сос

520

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ