ДОМАШНА ПИТА

Состојки

За тесто:

  • 700г Сенаменско брашно
  • 380-400мл вода
  • 10г шеќер
  • 300г брашно за посип
  • 20мл масло за јадење
  • 300мл зејтин за попрскување
  • 10г свеж квасец
  • 15г сол

Фил по желба.

8

90

Подготовка

Брашното се става во сад за месење, во средината се прави мала вдлабнатина во која се додаваат квасецот и шеќерот, а околу солта и маслото за јадење. Со млака вода се раствора квасецот и полека се додава остатокот од водата. Се меси за да се соедини убаво целата маса сè додека тестото не почне да се одвојува од садот. Потоа  убаво се обработува на работната маса. Се остава да отстои 10 минути покриено. Се дели на парчиња од окоу 150г и се обликува во топчиња кои треба да одморат уште 10 минути. Работната маса се посипува со брашно и топчињата се сукаат едно по едно со посипување  со брашно, при што се развива кора. Секоја кора се прска со масло за јадење и се става фил по желба, се витка во ролат и се става во тепсија. Откако ќе се наполни тепсијата, питата од горе се попрскува со остатокот од маслото и се остава да одмори уште 10 минути. Се пече на температура од 225°С до 250°С околу 25 до 30 минути во зависност одрерната. Откако питата ќе се извади од рерната, се попрскува со малку вода и се покрива со салфета.
СЕНДВИЧИ СО ПОХОВАН ПИЛЕШКИ СТЕК

СЕНДВИЧИ СО ПОХОВАН ПИЛЕШКИ СТЕК

СОСТОЈКИ За два сендвичи: 4 парчиња Бел леб 2 парчиња пилешки стек 1 јајце лебни трошки Жито Лукс 8 парчиња кашкавал чедар неколку паричња (кругови) домати листови зелена салата 1 авокадо 1/2 главица кромид 1/2 домат ситно исечкан сок од 1/2 лимон 1 лажичка букова сол сол и мелен црн пипер по вкус

225
ПИТА СО ПИЛЕШКО

ПИТА СО ПИЛЕШКО

500 г Екстра бело брашно тип 400 1 ½ лажичка сол 250 г путер 120 мл вода 2 јајца За фил: 500 г варени пилешки гради исечкани на коцки 200 г сечкани шампињони 3 лажици путер 1 среден ситно исечкан кромид 2 сечкани моркови 120 г брашно 700 мл пилешки булјон 1 лажица мајчина душичка […]

4180
Just2Good десерт со банана и малини

Just2Good десерт со банана и малини

420
ЧОКОЛАДНА ТОРТА

ЧОКОЛАДНА ТОРТА

30 Kолачиња со чоколадни парчиња 100 гр кондензирано млеко  6 лажици путер  50 гр какао  1 лажичка бренди За декорација:  чоколадни трошки и кандирани цреши.

1240
Сендвич со пилешко филе и сенф

Сендвич со пилешко филе и сенф

8 парчиња  Бел леб 2 пилешки филеа 2 домати исечкани на коцки 2 лажици сенф малку маслиново масло сол и свежо мелен бибер 4 листа марула

425
РОЛАТ СО ПИРЕ ОД КОСТЕНИ

РОЛАТ СО ПИРЕ ОД КОСТЕНИ

СОСТОЈКИ 300 г Kолачиња со чоколадни парчиња 250 г пире од костени 350 г путер 150 г чоколадо за готвење 100 г кокос 300 г шеќер во прав 50 мл вода

6-8120
ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

1 пакување Бриош леб путер мармалад или џем

420
КУГЛОФ

КУГЛОФ

500г Пекарско брашно тип 500 150мл масло за јадење 4 јајца 300г шеќер 150мл млеко 25г какао 1 ќесичка ванилин шеќер 1 ќесичка прашок за печиво рендана кора од лимон

8-1080

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ