Со 4 стипендии на Факултетите за нутриционизам во Велес и Б итола, Жито Лукс започна да помага на студенти што имаат желба да учат за нутриционизмот, здравата исхрана и квалитетниот производ. Елена Велковска и Славјанка Петрова, студентки на Факултетот за нутриционизам во Велес, заедно со Константина Карамитровска и Мартина Ѓорѓиовска од Факултетот за нутриционизам во Б итола се четирите идни нутриционисти на кои трошоците за студирање (партиципација) им се покриени од страна на Жито Лукс.
Поврзувањето на овие два факултета со Жито Лукс, претставува и долгорочна соработка помеѓу овие институции. Предавањата, образовно-едукативните тури, размената на идеи, ќе бидат само дел од активностите, каде што сите студенти ќе учествуваат и ќе можат и на практичен начин да го имплементираат знаењето. „Задоволен сум што од година во година е сè поголем бројот на студенти што сакаат да студираат на овие факултети. Уште повеќе сум задоволен и среќен што постојат компании, како Жито Лукс, кои веруваат во потенцијалот на младите и несебично помагаат тие студенти да добијат можност и поголема мотивација во текот на студирањето, да го остварат она што за нив претставува знаење и идна професија“, изјави деканот, проф. д-р Драган Дамјановски.