Профил на компанијата

Жито Лукс АД Скопје, денес е компанија која што преку својата работа и производите со врвен квалитет секојдневно го потврдува статусот на лидер во мелничко-пекарската индустрија. Најголемиот производител на леб и брашно, веќе 68 години демонстрира голема посветеност, грижа за потрошувачите и континуирано вклучува нови трендови во прехранбената индустрија. Поради своите атрибути како стабилност, иновација и фокусирање на потребите на потрошувачите, Жито Лукс е компанија која што поставува нови стандарди во производствените програми и во богатата и различна понуда.

  • 68
    години
    постоење
  • 50000
    тони
    капацитет
  • 5
    производствени
    линии
  • 3000
    клиенти на
    дневна
    основа

Меѓународната групација на компании Елбиско АЕ од Грција е стратешки инвеститор во Жито Лукс АД од 2001 година и поседува 55.47% од акциите на компанијата.

Богатиот асортиман на производи на Жито Лукс, направени од високо квалитетни и природни состојки, скоро седум децении е неделив дел од секојдневието на бројните потрошувачи. Постојаното инкорпорирање на најновото и најдоброто од технологијата, овозможува Жито Лукс да им понуди на своите потрошувачи вкусна, здрава и квалитетна храна која ги задоволува и најспецифичните потреби. Со цел да одговори на овие барања, компанијата има современа мелница со капацитет од 50.000 тони и 5 производни линии за производство на леб. Воедно, Жито Лукс е првата компанија од областа на прехранбената индустрија која поседува ISO 22000:2005 сертификат за квалитет и безбедност со инкорпориран HACCP стандард.

За Жито Лукс да биде најголемиот производител на леб во Македонија секојдневно придонесуваат нашите над 400 вработени кои се истакнуваат со својата вештина, обученост во тајните на пекарството и посветеност на работата. Вкусните лебови и висококвалитетното брашно се резултат на иновативноста и креативноста на нашиот тим, постојаното следење на новите текови во здравата исхрана, како и потребите на модерниот човек, но и традиционалните вкусови што оваа компанија ги следи уште од самото основање.

Жито Лукс секојдневно опслужува повеќе од 3000 клиенти со квалитетни, вкусни и свежи лебови преку својата добро организирана дистрибутивна мрежа, која како резултат на континуираниот напредок, во 2011 година беше проширена и на српскиот и на косовскиот пазар.

Покрај бројните успеси и фактот дека нашите производи се првиот избор на многу семејства, Жито Лукс за свое најголемо достигнување го смета постојано активниот придонес во подобрување на животот на граѓаните преку своите кампањи, донации и хуманитарни акции, за што има добиено бројни благодарници. Постојано се трудиме да бидеме општествено одговорна компанија која им нуди помош на оние на кои им е најпотребна, затоа што цврсто веруваме дека подадената рака е онаа што ги дава најдобрите и најблагородните резултати за возврат.

Ќе продолжиме да се водиме според премисата дека препознавањето, вредноста и успехот на еден бренд се резултат на професионално работење, одржување на високиот квалитет и пред сè, подготвеност да се одговори и на најспецифичните барања на потрошувачите за здрава, вкусна и квалитетна храна.