Награди

EUROBUSINESS – Super brands

Жито Лукс е компанија која што континуирано работи на усовршување на своите производи, доставување до граѓаните беспрекорно вкусни лебови и компанија што својата долгогодишна традиција ја преточи во создавање на супербренд.

Прогласувањето на Жито Лукс за супербренд во четири последователни години, 2011, 2012, 2013 и 2014 година, е само уште една потврда за целокупното работење на компанијата. Признанието супербренд во себе ги компилира вредностите како квалитет на производот, препознатливост на компанијата и нејзините производи, постојаност, комуникација со потрошувачите и грижа за нивните потреби, присутност и распространетост на пазарот. Сето тоа дава дополнителна вредност на лебовите и брашната од Жито Лукс. Ова претставува мотив за понатамошно унапредување во сите сегменти  со цел да се оправда секојдневната доверба на голем број задоволни потрошувачи. Признанието на Жито Лукс, за компанија супербренд, е само дополнителен доказ и награда за посветеноста која компанијата ја има кон работата и кон потрошувачите.