Надзорен одбор

Наташа Трпеноска-Тренчевска Адвокат и управувачки партнер во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ

Наташа Трпеноска-Тренчевска е родена во Охрид. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во Април 1990 година, правни студии. Положила правосуден испит во јуни 1995 и е член на Адвокатската комора на РМ од 1995 година. Моментално работи како адвокат во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ. Како адвокат, таа е основач и управувачки партнер во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ. Активно учествува во работата на невладини организации, домашни и меѓународни стручни организации. Нејзини специјални области се: трговско право (посебно во делот на директни инвестиции), банкарско право, телекомуникации, како и работни односи, организација и реструктуирање на компании.

Ирини Патера Директор за иновации во ЕЛБИСКО СА

Ирини Патера има 21-годишно искуство во истражување на храната и развој на продуктите како и 18-годишно искуство во делот на истражување и развој на производите во областа на пекарството. Значајно придонесува во лансирање на бројни успешни нови производи. Магистер е по технологија за храна на Универзитетот Реадинг, а доктор по наука за храна на Оксфорд Брукс Универзитетот, Велика Британија, и има ислушано постдипломски студии по Бизнис Администрација од Универзитетот во Лицестер, Велика Британија.

Ставрос Бозикас Директор за човечки ресурси во ЕЛБИСКО СА

Ставрос Бозикас има 30-годишно професионално искуство во секторот за човечки ресурси во неколку грчки и интернационални компании во делот на трговијата, рударството и секторот за храна. Тој успешно придонесе за промената на управувањето и организационите трансформации. Магистер е по човечки ресурси на Универзитетот Сорбона, Франција.

Ристо Хаџи-Мишев Главен економист, Оддел за Управување со ризици во Стопанска Банка АД Скопје

Ристо Хаџи-Мишев дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Економски факултет, Скопје, Оддел за финансиско управување, просечна оцена 9,6 (од максимални 10). Од јули-август 2009 година посетувал летна школа во Лондонската школа за Економски и Политички науки – Анализи и менаџмент на финансиски ризици и Пари и банкарство, оцена – А. Работи во Стопанска банка од август 2005 година. Моментално е во Секторот за управување со ризици. Од септември 2010 година е унапреден во Главен економист.

Евангелос Ризос

Евангелос Ризос Дипломирал на Универзитетот Demokrition на Тракија, на Катедрата за правни науки. Г-н Ризос е член на Здружението на атински комори од 2004, а одржува и лична правна канцеларија со специјализација за казнено право. Тој не е член на Менаџерски, односно Надзорен одбор во други компании, не поседува удел во акциите на ЖИТО ЛУКС АД Скопје и нема други обврски кон компанијата.