Управен Одбор

Николаос Воудоурис, Претседател на Управниот Одбор и Генерален Директор на ЖИТО ЛУКС АД Скопје и Главен Извршен Директор на Eлбиско С.А.

Николаос Воудоурис е роден  во 1968 годинa. Од 1 септември 2018 година избран е за Претседател на Управниот Одбор и Генерален Директор на ЖИТО ЛУКС АД Скопје и Главен Извршен Директор на Елбиско С.А.  Тој има претходно 13 годишно професионално работно  искуство  во  повеќе грчки и интернационални компании. Николаос дипломирал на Националниот Технички Универзитет во Атина и се здобива со титула Дипломиран Хемиски инжинер како и со титулата Магистер по прехрамбени науки, на Универзитетот  Rutgers, Њу Бранзвик, Њу Џерси, САД.

Николаос Калимерис, Потпретседател на Управен Одбор и Заменик Генерален Директор

Николаос Калимерис е роден во 1977 година. На позицијата Потпретседател на Управниот одбор и Заменик Генерален Директор на ЖИТО ЛУКС АД Скопје е поставен 2019. Се стекнува со повеќегодишно професионално искуство на менаџерски позиции и на функцијата главен извршен директор во грчки и меѓународни компании, каде бележи исклучителени остварувања и продобивки од профит, успешна имплементација на ефективни стратегии и напредни организациски перформанси во секторот FMCG (производи за широка потрошувачка). Забележителен е неговиот придонес во постигнување на значителни придобивки како дел од менаџерскиот тим во две успешни приказни: Сарантис Груп – Атина, Грција и Марс Хелас СА – Атина, Грција. Своите студии ги комплетира  на Универзитет за Економија и Бизнис во Атина, и се стекнува со титула Дипломиран економист, Магистер  по Бизнис Администрација.

Катерина Давидовска, Член на Управниот Одбор на ЖИТО ЛУКС АД Скопје задолжена за правни работи

Катерина Давидовска е роденa  во 1974 годинa. Од 2017 година назначена е за Член на Управниот Одбор на ЖИТО ЛУКС АД Скопје задолжена за правни работи. Има 14 годишно претходно работно  искуство  на позицијата Супервизор за правни работи во ЖИТО ЛУКС АД Скопје.  Катерина дипломирала на Правниот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје и се стекнува со титула Дипломиран правник.

Лидија Трајковска Ристовска, член на Управниот одбор, задолжена за Секторот за маркетинг

Лидија Трајковска Ристовска е родена во 1981 година. Своите студии ги комплетира како дипломиран економист, насока Финансиски Менаџмент при  Економскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје, каде што исто така подоцна се стекнува со титула Магистер по Маркетинг.  Професионалната кариера ја започнува во ЖИТО ЛУКС АД Скопје, пред 14 години или поточно во 2005 година, во секторот Маркетинг на позиција Помлад продукт менаџер напредувајќи неколку пати во текот на овие години а во 2017 година, е назначена на позицијата  Менаџер за маркетинг. Од 2018 година е член на Управниот одбор, одговорна за прашања од областа на маркетинг.

Киро Ристески, Директор на производство за Пекара и Мелница

Киро Ристески е роден 27.03.1977 година. Работи во ЖИТО ЛУКС АД Скопје на позицијата Директор на производство за Пекара и Мелница околу 1 година. Претходно работел на повеќе менаџерски позиции во Фабриката за производство на челични производи на АрчелорМиттал Скопје, вклучувајќи ги позициите на: Менаџер за одржување, Менаџер на локалната академија за прогрес на компанијата, како и Менаџер на секторот за производство на пластифициран и поцинкуван лим. Киро е дипломиран машински инженер, дипломирал на Машинскиот факултет ,Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Оливера Ѓуровска, Член на Управниот Одбор задолжена за Финансии и Контрола

Оливера Ѓуровска е родена на 17-10-1980 година. Во ЖИТО ЛУКС АД Скопје работи 16 години на повеќе работни позиции, почнувајќи како Асистент во Финансии, потоа Самостоен финансов аналитичар, Менаџер за финансиско известување и Внатрешен ревизор. Веќе две години работи како Менаџер за финансии и контрола во Секторот за Финансии во ЖИТО ЛУКС АД Скопје. Оливера е Дипломиран економист на отсекот: Сметководство и ревизија, на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, Скопје, каде исто така се стекнува и со титула Магистер по економски науки во областа Сметководство и ревизија. Оливера е член на Управниот Одбор задолжена за Финансии и Контрола.