Благодарност од семејството Михаилови

Untitled-2Добри дела се прават од неколку причини, да се помогне некому, да се олеснат нечии маки, или без некоја посебна причина. Без разлика на поводот или причините, добрите дела го облагородуваат животот и на оној на кој му се помага, но исто така и на оној којшто помага. „Жито Лукс“ добро ја познава оваа филозофија и затоа не отстапуваме од неа и ја даваме нашата помош и поддршка секаде каде е возможно.

Семејството Михаилови од Кочани веќе неколку години наназад добива помош од нас. Својата благодарност за помошта ја изрази преку изработка на новогодишна честитка направена со многу внимание и исполнета со убави чувства и желби. Токму овој гест мотивира за уште многу добри дела!